Романот „Три Марии“ од Оливера Ќорвезироска, во издание на „Арс Ламина“, ја освои наградата „Стале Попов“ на Друштвото на писателите на Македонија. Оваа одлука со мнозинство гласови ја донесе тричлената жири-комисија во состав: Соња Стојменска-Елзесер (претседателка), Снежана Младеновска-Анѓелков и Давор Стојановски (членови). Наградата „Ацо Шопов“ за најдобра поетска збирка отиде кај книгата „Вообразби (лирски етиди за некој друг свет)“ од ...
Годинашните лауреати Ќорвезироска, Цветкоски, Шелева, Корнети и Селмани денеска ги примија годишните награди на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) – „Стале Попов“, „Ацо Шопов“, „Димитар Митрев“, „Ванчо Николески“ и „Мост“ за 2025. Со врачувањето на наградите беа одбележани и 79 години од основањето на писателската асоцијација. На конкурсот на ДПМ за петте годишни награди беа пријавени 53 книжевни дела објавени во 2025, седум повеќе ...
На денот на кој Друштвото на писателите на Македонија одбележува 79 постоење во овој храм на пишаниот збор беа врачени традиционалните награди. За добитниците тие се потврда за видливоста на она што го создаваат и особено значајни кога доаѓаат од книжевната фела. Наградите не се ниту смислата, ниту целта на нашето пишување, но бидејќи придонесуваат за видливоста на она што го работиме, навистина се важни, согласни се добитниците на ...

