Со прашања на одбраната за вештачењето на Градежниот факултет, продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Професорот, Горан Марковски уште еднаш ги образложуваше наодите на вештачењето кои покажале дека дискотеката не ги задоволувала ниту стандардите, ниту регулативата и процедурите. Родителите на жртвите порачаа дека градежното вештачење е јасно, прецизно и аргументирано и ...

Обвинетите за пожарот во „Пулс“ го оспоруваат градежното вештачење кое откри низа пропусти во објектот. На денешното рочиште, деканот на Градежниот факултет, Горан Марковски кој го предводи тимот на градежни вештаци, одговараше на прашања поставени од адвокатката на сопственикот на дискотеката. Според Ивана Коцевска, реконструкциите кои ги претрпел објектот, не влијаеле на неговата безбедност. Внатрешните тераси во дискотеката, според неа, не ...

Денеска продолжи судењето за пожарот во т.н. дискотека “Пулс“ во Кочани, а на истото професорот на Градежниот факултет во Скопје, Горан Марковски, во својство на вешто лице, меѓу друго кажа дека сунѓерот за акустичната изолација во објектот бил целосно изгорен и дека вештаците неможеле да најдат остатоци, а ги барале со часови. Посочи и дека на спуштениот плафон имало полиуретански сунѓер, а доказ за тоа биле фотодокументацијата, снимки од ...