Обилните врнежи од дожд што го зафатија гостиварскиот регион предизвикаа сериозни проблеми и поплавувања на повеќе локации. Според информациите од Центар за управување со кризи, во Гостивар и околните населени места пријавени се поплавени куќи и дворови во селото Беловиште, како и во населбите Циглана и Бањешница. Дополнително, пријавен е и затрупан одводен канал во Балиндол, поради што се поплавени неколку куќи. Поплавите, како што се ...

Обилните врнежи од дожд предизвикаа сериозни проблеми во повеќе делови од земјава, со поплавени домови, излевање на реки и свлечишта. Екипи на општините, противпожарните служби и институциите за заштита и спасување непрекинато интервенираат на критичните точки во Скопскиот, Кумановскиот, Тетовскиот, Гостиварскиот и Охридско-кичевскиот регион. Според вонредните информации на Центарот за управување со кризи (ЦУК) до 17 часот, во скопската ...