Започнаа градежните активности на јужниот булевар во Кочани кој ќе се поврзува со експресниот пат Штип Делчево, ќе се работи на мостот на кочанска река со што ќе се олесни сообраќајниот метеж во градот, а ќе се работи и на изградба на катни платформи со помош на кои ќе се зголеми бројот на паркинг места во центарот на Кочани. Во наредната година ипол треба да биде завршен и водоводот со што ќе се реши значаен проблем, а ќе се намалат и ...
Премиерот Христијан Мицкоски и министерот за транспорт Александар Николоски денеска во Кочани присуствува на отпочнувањето на изградбата на јужниот булевар и на активности за изградба на нов мост на Кочанска Река кој ќе ги поврзува улиците „Лазар Андонов“ и „Вера Которка“. – Ова се инфраструктурни освежувања за Кочани. Јужниот булевар е клучна колатерала која ќе не поврза со експресниот пат Штип -Делчево. Постоечкиот пат датира уште од ...

