Холандскиот интернационалец Донјел Мален имаше деби од соништата за тимот на Рома, откако стартуваше и постигна веднаш гол во 26. минута. Претходно во 23. минута му беше поништен поради офсајд. Дибала ја имаше првата шанса во 22. минута, топката мина милиметри крај голот. Мален по одлична акција и со помош на десната статива во 26. минута успеа да донесе предност. Во 72. минута Дибала на асистенција на Ренч, ја смести топката под пречката. ...
Рома продолжи да победува против екипите кои не се борат за горниот дел од табелата во Серија А, па со денешниот триумф на гостувањето во Торино, „волчицата“ се врати во топ четири. Тимот на Џан Пјеро Гасперини на најдобар можен начин го искористи вчерашниот голем кикс на Јувентус, а победата од 0:2 во Торино беше уште послатка поради импресивното деби на Дониел Мален. Големото зимско засилување доби шанса уште на првиот меч од тренерот ...

