Македонската традиција за Прочка е исклучително богата, слоевита и присутна во секој дел од нашата земја. Всушност, слободно можеме да кажеме дека ова е празник кој длабоко резонира со македонскиот идентитет. Ние сме народ кој низ историјата претрпел многу, но секогаш наоѓал сила да прости. Токму затоа, духот на проштевањето е вкоренет во нашиот ген. Така сме правеле низ вековите, а така правиме и денес – тоа е нашата евангелска определба, ...
Сиропусната, белата, прошталната седмица завршува со неделата и празникот Прочка кога луѓето си проштеваат едни на други, за да ги остават и гревовите со оставањето на мрсната храна, а во постот да се воздржуваат и од гревовноста. Верниците меѓусебно си простуваат пред почетокот на Велигденскиот пост. Зборот „Прочка“ доаѓа од старомакедонскиот словенски збор „проштение“ = простување или од „проштати“ = проштева. Прочка е духовната метла со ...

