Со натпреварот помеѓу Работнички и Арсими кој се игра на Националната арена во Скопје од 14 часот, завршуваат 22-те кола од првата лигашка фаза во Првата македонска фудбалска лига и секој со секого ќе има одиграно по два меча. Работнички е препоследен на табелата со само 13 бодови и мора да победи за да фати приклучок кон екипите кои се во делот на табелата кој носи бараж за опстанок. Тие екипи му бегаат 10 бодови и целта на Работнички е да ...
Работнички извојува повеќе од значајна победа во последниот натпревар од вториот круг во Првата македонска фудбалска лига, триумфирајќи со 1-0 пред своите навивачи против екипата на Арсими. Стрелец на единствениот гол на мечот за важни три бода на „романтичарите“ беше Манојлов во 66. минута од средбата. Оваа победа, на 11 кола до крајот на првенството, како така ги враќа надежите на Работнички за опстанок. Арсими, пак, веќе се доближува до ...
Фудбалерите на Работнички забележаа минимална победа од 1-0 над Арсими во последниот меч од 22-рото прволигашко коло, воедно и последно од вториот круг. Стрелец на единствениот гол беше 20-годишниот Никола Манојлов во 66-тата минута, откако најдобро се снајде во противничкиот шеснаесетник. Арсими иако беше поразен, сепак, ги имаше подобрите прилики на гол на мечот, но голманот на Работнички, Фабрис Ондоа, беше нерешлива загатка за гостите. ...
Фудбалерите на Работнички остварија важна победа од 1:0 против Арсими во последниот натпревар од 22. коло во Првата македонска фудбалска лига, со што беше затворен вториот круг од шампионатот. Дуелот на арената „Тодор Проески“ започна во мирно темпо и со малку вистински возбудувања пред двата гола. Гостите од Арсими во неколку наврати се заканија со удари од далечина, но на висина на задачата беше голманот на Работнички, Фабрис Ондоа, кој ...

