„Да се сеќаваме за да не заборавиме. Пред 83 години, бугарскиот фашистички окупатор депортираше 3.172 Евреи наши сограѓани деца, млади жени и мажи, возрасни лица. Ги однесе во неповрат. Битола никогаш повеќе не остана иста без нивното присуство и затоа должни сме да се сеќаваме, затоа должни сме да го чуваме мирот, за никогаш да не се повтори“, истакна Бендевска која заедно со пратеничките Олга Лозановска и Бисера Костадиновска Стојчевска ...
Битола, 10 март 2026 (МИА) - Да се сеќаваме за да не заборавиме, истакна потпретседателката на македонското Собрание, Весна Бендевска, на денешниот комеморативен собир посветен на годишнината од депортацијата на битолските Евреи. Пред споменикот камена менора посветен на депортираните Евреи, Бендевска рече дека бугарскиот фашистички окупатор од Битола депортираше 3.172 Евреи. -Да се сеќаваме за да не заборавиме. Пред 83 години, бугарскиот ...
На 11 март 1943 година бугарскиот окупатор извршил општа блокада и рација за собирање на Евреите во Македонија. За извршување на ова масовно злосторство тајните агенти и полицијата неколку дена вршеле обемни подготовки. Недвижните имоти на Евреите бил конфискувани, а покуќнината ограбена. Откако сите Евреи, од Скопје, Битола, Велес, Штип и од други места, биле собрани во Монополот во Скопје, на 22 март биле транспортирани во германскиот ...

