Истрагата за висока корупција во Апелацискиот суд започнала пред 9 месеци, по пријави за сериозни индиции за примање мито до 100 илјади евра со цел да се влијае врз укинување на мерката притвор за Љупчо Пецов во судскиот предмет „Синџир“, каде што поранешниот правобранител Фехми Стафа беше фатен на дело. Со овие зборови денеска започна брифингот со новинарите на јавниот обвинител за гонење организиран криминал и корупција, Ислам Абази, и ...

Не поради спектакуларност, туку поради начинот на кој, парче по парче, информациите од различни извори почнале да се вклопуваат во една поширока слика што истражителите ги доведе до ѕидот во кујната на семејниот дом на апелацискиот судија Ѓоко Ристов, зад чија плочка беа сокриени 350.000 евра, стои во анализата на 360 степени. Како што објасни обвинителката Искра Хаџи Василева на брифинг со новинарите, истрагата започнала пред околу една ...