Викенд исполнет со празнична магија во Илинден. Заврши четвртото издание од Новогодишниот базар „Патека на радоста”. Изминативе четири вечери плоштадот во Марино беше локацијата каде голем број на посетители уживаа во одлична храна и топли пијалоци, дружење со Дедо Мраз, детска програма, забавувачи и изведувачи. По тој повод, градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски упати голема благодарност до организаторите, до сите ...
Плоштадот во населеното место Марино за време на викендот беше центар на празнична магија, радост и заедништво, каде голем број граѓани од сите возрасти уживаа во новогодишната магија на „Патека на радоста“, во организација на општествено одговорни компании и под покровителство на Општина Илинден. Настонот изобилуваше со богата и разновидна програма, наменета за сите возрасти, но со посебен акцент на најмладите жители: детски анимации, музички и ...

