Управата за хидрометеоролошки работи издаде метео аларм за утре (27 март) за кога е активирано жолто ниво за врнежи и локална нестабилност со грмежи. Од УХМР информираат дека следува период на променливо облачно време со честа појава на повремени врнежи од дожд. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (за кратко време над 20 л/м2), како и појава на грмежи и силен ветер (над 70 км/ч). Максималната ...

Времето утре ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд, особено попладне. Локално ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со пообилен пороен дожд (за кратко време над 15 л/м2), појава на грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9, а максималната ќе достигне од 12 до 18 степени. Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Наместа нестабилно со поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд, појава на грмежи и засилен ветер. Дневната температура ќе биде во интервал од 13 до 20 степени. Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе достигне до 18 степени. ...