Месното население реагира дека никој не ги известил зошто се сече шумата, ниту дали тоа се врши плански и според законските процедури. Загрижените жители веќе испратија писмо до „Македонски шуми“, градоначалникот на Ресен, Министерството за земјоделство, Државниот инспекторат за шумарство и водостопанство и Министерството за животна средина. Во писмото предупредуваат дека оваа активност предизвикува сериозна еколошка штета, загрозувајќи ја ...

Жителите на преспанското село Љубојно веќе неколку дена одржуваат протести и блокади на локацијата над селото на која, според нив, е извршено масовно и прекумерно сечење на шумата. 75 години никој нема чепнато ниту едно дрво, а сега некој сака да ја уништи цела планина за неколку дена! Загрозена е водата на цело село, при поголем дожд ќе се контаминира резервоарот! Ќе се зголеми ерозијата на земјиштето, ќе се поплави цело село!“, велат ...

Револтирани од ненајавената сеча на шумата над селото, жителите на Љубојно денеска повторно излегоа на протест. На местото каде што се врши сечењето, тие истурија песок на патот за да го оневозможат пристапот на машините, а најавија и целосна блокада уште од 5 часот изутрина. Месното население реагира што никој не го известил зошто се сече шумата, ниту дали се врши тоа плански и според законските процедури. Загрижените жители веќе испратија ...