Два старечки домови во Скопје се најдоа под лупа на институциите поради сомнежи за нехуман и суров третман на штитениците. По пријава на МВР, Обвинителството ќе истражува што се случувало во приватните домови за згрижување на стари лица во населбите Бутел и Центар, за каде се добиени сознанија дека семејствата плаќале многу, а нивните најмили не го добивале соодветниот третман. Напротив, според полициската пријава, им била делена расипана храна, ...

Два старечки дома се под истрага за третманот кон луѓето што биле сместени во нив. Во двата, фигурира иста директорка. Обвинителството тврди дека имало физичко и психичко насилство, се давале непрепишани лекови и немало доволно оброци. Забелешки за храната и немањето доволно персонал инспекторите наоѓале и пред две години, покажуваат извештаите. Луксузни и комфорни соби со сопствен балкон, опремени со смарт телевизори, климатизери, СОС тастери ...