Власта и опозицијата со непроменети ставови ја дочекуваат седницата за уставни измени. Опозицијата не ги поддржува и решение гледа во предвремени избори. Власта, пак, вели дека ова е последната шанса опозицијата да се приклучи на проевропскиот блок. Без измените земјата нема да напредува кон ЕУ. Ќе се менува Уставот или постапката на уставни измени ќе прекине? Дилемата ќе решава утре. За измените со кои, меѓу другото, и Бугарите ќе влезат во ...
Македонскиот парламент не ја изгласа вчера потребата за уставни измени со кои Бугарите треба да станат дел од Уставот на Македонија, или што би рекол Антонио Милошоски – и покажаа среден прст на Софија и на нејзините барања. За волја на вистината, гласање воопшто и немаше, па останува да им се верува на пораките од ВМРО-ДПМНЕ дека нивните позиции победиле, бидејќи при гласањето на дневниот ред сите пратеници на ВМРО-ДПМНЕ биле против расправата ...
Пишува: ВУКО МЕЛОВ Полека влегуваме во завршната фаза, од процесот кој започна минатата година со таканаречениот француски предлог. Истиот треба да финишира со уставните промени и почетокот на преговорите со ЕУ. Една од клучните, стратешки дефинирани интереси на македонската држава. Прашањето на уставните измени, и отварањето на преговорите со ЕУ, од аспект на општествен, економски, институционален, напредок значи многу за македонската држава. ...