Уругвајскиот фудбалер Федерико Валверде изјави дека за него претставува голема чест што стана капитен на Реал Мадрид и дека сака да ја искористи можноста да учи од новиот тренер Жозе Мурињо. По лекарските прегледи, Валверде го одработи првиот тренинг со тимот во спортскиот центар „Валдебебас“ под водство на португалскиот стручњак, кој го презеде Реал Мадрид по заминувањето на Карло Анчелоти. „Едвај чекам да учам од него, да го слушам секој ...
Феде Валверде ќе биде прв капитен на Реал Мадрид и во ерата на Жозе Мурињо, без оглед на тоа што уругвајскиот играч за врска ја заврши минатата сезона со скандал од кој дел беше и Орелијан Чуамени. Тепачката меѓу двајцата беше расчистена уште пред почетокот на мундијалот, а бидејќи Феде веќе се приклучи на тренинзите во првиот тим, веќе можеше да се запознае со првите методи и со ставот на новиот тренер. Реал Мадрид го доведе Мурињо со цел да ...

