Кошаркарите на Пелистер важеа за големи фаворити во соочувањето со „ранетиот“ Работнички, но „зелено-белите“ до првата победа во новата година стигнаа по многу мака и на крилата на расположените Малешевиќ и Дејвис. Дербито на колото во Битола заврши со триумф на пелистерци од 88-85, откако отпорот на гостите од Скопје беше скршен во самиот финиш од средбата. Малешевиќ беше клучниот фактор, затоа што постигна клучна тројка, додека најпрецизен ...
Актуелниот македонски првак МЗТ Скопје успешно реши уште една задача во Суперлигата каде како гостин дојде до рутинско славје над Маџари со 87:76. Домаќините ја добија првата четвртина со 24:22, но МЗТ одговори со доминантен втор период (25:11) по што фаворитот на пауза замина со позитива од 47:35. Во вториот дел „штрковите“ имаа контрола, искусно се одбранија од нападот на Маџари за да потоа и ја заокружат победата во оваа скопска пресметка. ...

