Македонскиот кошаркарски првак МЗТ Скопје ја започна годината според планот на домашната сцена. Аеродромци славеа на гостувањето кај Маџари (87-76), со ривалот со кој доста се намачија на самиот старт на сезоната кога победија „тесно“. Тимот на Тодоровиќ му даде отпор на ривалот, но во последната четвртина поголемото искуство исплива на површина. Повеќекратниот шампион на Македонија кој доминира на домашната сцена успеа да се одлепи ...
Кошаркарите на МЗТ Скопје забележаа нова победа во Првата македонска кошаркарска лига, овој пат во повеќе од интересна пресметка со екипата на Маџари, на крај триумфирајќи на гостувањето со 76-87. „Металците“ ја продолжуваат битката за врвот на табелата со ТФТ Скопје, откако дојдоа до значајна победа на тешкото гостување против повеќе од цврстата екипа на Маџари која уште еднаш покажа зошто е најголемото изненадување во сезоната во елитното ...

