Од обвинителството објавија детали за кривичните сомнежи за Александар Лазаров викан Цуната откако тој вчера беше фатен во Скопје по бегството од полициска станица во Кочани пред 5 дена. -Основното јавно обвинителство Кочани на 10.07.2026 година донесе Наредба за спроведување истражна постапка, која покрај овој осомничен опфаќа уште едно лице, а се однесува на кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, ...

На 14.07.2026 по добиени оперативни информации за лице за кое од страна на МВР е распишана централна и меѓународна потерница, од страна на полициски службеници од СВР Скопје-Потраги од слобода е лишен Александар Лазаров (41) од Кочани. За Александар Лазаров беше распишана потерница по барање на Основен суд Кочани осомничен за сторено кривично дело по член 215 став 1 од Кривичниот законик. Лицето е спроведено во Полициска станица Кисела Вода ...

Александар Лазаров познат како Цуна падна в рацете на полицијата, откако претходно преку прозорец избега од полициската станица во Кочани. МВР за него распиша централна и меѓународна потерница, по што вчера бил уапсен од страна на органите на прогонот во Скопје. Тој е осомничен за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, а му се заканува затворска казна од три до 10 години. По ...