Бразилската фудбалска репрезентација ќе биде еден од фаворитите за мундијалски триумф, а покрај квалитетот на ростерот, во корист на јужноамериканската репрезентација оди и искуството и трофеите кои зад себе ги има селекторот Карло Анчелоти. Италијанскиот стручњак има голем број на квалитетни играчи од кои ќе треба да го скрои конечниот список, а еден од оние кои досега не добија шанса кај новиот селектор е Нејмар. Големата ѕвезда имаше проблеми ...

Селекторот на Бразил, Карло Анчелоти, изјави дека големата ѕвезда Нејмар нема гарантирано место во составот на Селесао за Светското првенство следната година. Италијанецот изрази сомнежи дали Нејмар ќе биде дел од групата. Поранешната ѕвезда на Барселона сè уште нема добиено повик од Анчелоти откако тој го презеде тимот во мај. На прес-конференција во Вашингтон, по ждрепката за групната фаза, Анчелоти беше категоричен за критериумите при изборот ...