Со извршената ревизија во АД Државна лотарија за 2024 година, утврдени се сериозни неправилности кои се поврзани со нелогични и непостоечки трансакции, записи без соодветна финансиска документација или поткрепени со неверодостојни документи, поради што постои сомнеж за злоупотреба на парични средства, како и незаконско работење со благајната и платежните сметки, соопшти Државниот завод за ревизија. Со извршената ревизија е утврдено дека во 2024 ...
Државниот завод за ревизија (ДЗР) спроведе ревизија во АД Државна лотарија за 2024 година и утврди сериозни неправилности, сомнителни исплати на добивки и злоупотреба на парични средства во износ од речиси 1,98 милиони евра. Недостигот на контроли и нефункционалната внатрешна ревизија отвораат сомнеж за незаконско работење. Милионски злоупотреби: каде исчезнаа речиси 2 милиони евра? Ревизорите откриле нереални сметководствени записи и нелогични ...

