Зголемен бројот на пожари во Штип, најчесто поради преоптоварени и дотраени електрични инсталации, нестручно приклучување на електричните уреди и неисчистени оџаци. Најзагрозени се старите објекти со дрвени меѓукатни и кровни конструкции, каде огнот брзо може да се прошири. Граѓаните најчесто реагираат навреме, пријавувајќи го пожарот до противпожарната единица, а благодарение на брзата интервенција на пожарникарите, засега се спречени ...
Штип, 2 февруари 2026 (МИА) – Нема пожари на отворено, но во зимскиот период штипските пожарникари бележат интервенции на објекти, куќи, станови поради запалени оџаци или пожари предизвикани од преоптоварени и дотраени електрични инсталации, нестручно приклучување на електричните уреди. Командирот на Територијалната противпожарна едница (ТППЕ)-Штип, Благој Ренџов денеска изјави дека најзагрозени се старите објекти со дрвени меѓукатни и кровни ...

