Адвокатот на поранешен инспектор во Државниот пазарен инспекторат, Миле Ампов, го нападна Обвинителството во Кочани дека требало да реагира по допрен глас и да поведе постапка во „Пулс“ затоа што се знаело дека таму се собираат голем број деца. Со тоа, како што кажа, можела да се спречи трагедијата Обвинителството врши лов на вештерки со обвинението за пожарот во „Пулс“, криејќи важни факти во овој предмет, рече во воведниот говор адвокатот ...
И пазарните инспектори кои се дел од обвинението за кочанската трагедија тврдат дека не се виновни, а обвинетиот Емил Митев кој прво бил советник инспектор, а потоа и раководител на Одделението за инспекциски надзор – Штип со градовите Кочани, Сврти Николе, Делчево, Берово и Виница тврдеше дека иако во 2021 година лично бил во кабарето „Пулс“ и заедно со колешка од Кочани виделе дека кабарето нема лиценца, сепак никогаш формално не добил ...

