Кога се пишува за Разловечкото востание, како прво востание за ослободување на Македонија и поробениот македонски народ во втората половина од 19-от век, збор-два за раволуционерните традиции и револуционерниот чин на ајдутите, комитите, војводите и партизаните од Македонија, кои се покажаа како богато револуционерно искуство кое ја донесе толку посакуваната слобода на македонскиот народ и нeговата конечно стекната државност. Револуционерните ...
Одбележување 150 години од Разловечкото востание Денеска, на 19 мај, се навршуваат 150 години од Разловечкото востание – првото организирано востание на македонскиот народ против османлиската власт, кое избувнало во мај 1876 година со центар во селото Разловци, Делчевско. Иако востанието било задушено, неговото значење далеку ја надминува воената димензија: тоа го свртело вниманието на европските сили кон македонското прашање и ја означило ...
„Македонија предолго живееше со страв да не навреди некого ако се сака себеси“, рече министерот за култура и туризам Зоран Љутков на одбележувањето на 150-годишнината од Разловечкото востание во с. Разловци. На свеченоста по повод јубилејот, министерот истакна дека Разловци претставува „највисок пантеон на македонскиот опстој“ и симбол на непокорот што, како што рече, „никој не успеал да го замолчи“. Во своето обраќање, нагласи дека ...
Министерството за култура и туризам издвои околу 25 милиони денари за целосна реконструкција на Спомен-домот на Разловечкото востание, а е изработена и комплетно нова историска поставка, која преку фотографии и артефакти ја раскажува приказната за Востанието. Министерот Љутков, кој присуствуваше на а свеченоста по повод јубилејот, 150-годишнината од Разловечкото востание во с. Разловци, додаде дека сето ова е особено значајно за зачувување на ...

