Докторите на клиниките ќе можат да работат до 70-годишна возраст и да ја задржат пензијата со цел да се искористи нивната стручност и да се пополни недостигот на кадар, предвидуваат предложените измени на Законот за здравствена заштита. Предлагач на измените е Министерството за здравство и тие се објавени на страницата на ЕНЕР за разгледување и коментирање од заинтересираната јавност. Измените се однесуваат на пензионирањето, ...
Државата повлекува радикален потег за да го спаси јавното здравство од кадровски колапс. Искусни лекари ќе останат во болниците три години подолго, со право на двоен приход и задржување на факсимилот. Со цел да се амортизира акутниот недостиг на медицински кадар, Министерството за здравство предлага измени во Законот за здравствена заштита кои носат значајни поволности за лекарите-специјалисти, но и по строги правила за нови вработувања. ...
Специјалисти чија специјалност е дефицитарна ќе можат да работат до 70 години, наместо 67 како што е досега. Во меѓувреме ќе добиваат и пензија и плата, а не како што е сега ако продолжат со работниот ангажман да имаат само еден приход. Ќе си го задржат и факсимилот, а директорот на здравствената установа ќе мора да докаже пред министерството и фондот дека навистина има потреба од тој специјалист. Ова е една од измените на законот за ...

