Проектните активности почнаа со археолошки истражувања на Преспанското Езеро кога беше откриен редок органски материјал и невообичаени факти за древните жители, потоа со конзерваторски активности на ѕидното сликарство на црквата Св. Петка во село Брајчино, а неодамна продолжија со архитектонско и етнолошко документирање на културното наследство, посочи д-р Мери Стојанова, кустос советник во НУ Завод и Музеј-Битола, воедно координаторка на ...
Преспа и Преспанско Езеро се неистражена тема, вруток од идеи и предизвици за секоја генерација која неможе да одолее на повикот на природата, а потоа и науката на која се посветуваат студенти и експерти од земјата и странство. Мотивирани од целта да се збогати знаењето за постоење на подводно археолошко наследство во Преспанско Езеро, да се валоризираат најистакнатите елементи на културното наследство во Преспа, но и да се заштити културната ...

