На нешто повеќе од еден час до стартот на првиот меч од 1.квалификациско коло во Лигата на Конференции, меѓу Динамо Минск и Силекс, и официјално познати се стартните состави. Александар Васоски, стратегот на нашиот тим овој меч ќе го стартува со следните единасеттмина: Љ. Џеков, Бутуровиќ, Шуберт, Ѓ. Џеков, Пановски, Донов, Анѓелески, Ефтимов, Шеро, Богдановски и Хасукиќ. Од ова се гледа дека кратовци имаат и тоа како изменет состав, посебно ...

Фудбалерите на Силекс ќе го предизвикаат Динамо Минск во првиот натпревар од првото коло од квалификациите за Конференциската лига на УЕФА. Во нешто потешки и врнежливи услови во Стара Загора екипата од Кратово ќе се судри со белорускиот ривал кој ја одбра Бугарија за домаќин на својот европски настап. На нешто повеќе од еден час тренерите Алиаксандр Шаноика и Александар Васоски ги открија картите. Во таборот на кратовци играат четворица ...

Силекс одличен, Силекс одигра машки, храбро и успеа на гости да слави против Динамо Минск со 0:1 и тоа со голот на Хасукиќ. Ретко кој во домашната јавност веруваше дека може да се случи вакво нешто, ама тимот на Александар Васоски навистина треба да се пофали. Инаку ова е прва победа на гости во Европа за тимот од Кратово. По мечот Васоски за “СпортСпорт“ истакна: “Генерално заслужена победа, посебно ако се знае дека по финалето со Шкендија ...

Тренерот на македонскиот тим, Александар Васоски е оптимист пред утрешниот меч иако има голема почит за противникот. „За нас е огромно задоволство што втора година по ред играме во Конференциска лига. Имаме голема почит за Динамо Минск, екипа која во моментов е прво место во белоруската лига и екипа која за разлика од нас има 15 натпревари зад себе. Тука доаѓаме со една единствена цел, да оствариме добар резултат за реваншот во Скопје“, ...