„Падна“ премиерниот гол во новото издание на Првата македонска фудбалска лига. Екипата на Тиквеш го отвори резултатот на мечот со Арсими уште во 18. минута, кога погоди Нигериецот Тохиб Лавал. Доби добра асистенција од Гвинеецот Н'Фанли Сила, а Лавал немаше проблем да ја смести топката во мрежата на гостинскиот голман Силјановски. Тиквеш е во одличен ритам на стартот од новата сезона во ПМФЛ. „Падна“ премиерниот гол во новото издание на ...

Фудбалерите на Тиквеш имаат убедлива предност од 4-1 на полувреме против Арсими во премиерниот натпревар од 35. сезона во најсилната фудбалска лига во Македонија, ПМФЛ. Првиот гол во новата сезона во елитниот шампионат на Македонија го постигна Тохеб Лавал за водство од 1-0 на домаќинот во 18. минута. Девет минути подоцна домаќините зголеми на 2-0 со погодокот на Нфанли Сила. Гостите успеаја да намалат на 2-1 преку Рамадани во 33. минута. ...