Обилните врнежи на дожд прават сериозни проблеми – теренот во Виница е под вода, а тоа е причина за одложување на натпреварот меѓу Слога и Охрид, што значи дека утрешниот меч од 15. коло меѓу овие две екипи нема да се одигра. Претходно се одложи натпреварот во Радовиш меѓу Детонит Плачковица и Скопје, па останува прашањето ќе има ли услови утре да се одиграат останатите средби од последното есенско коло. Дождовите продолжуваат и понатаму што ...

Ракометарите на Тинекс Пролет забележаа победа од 23:30 на гостувањето во Радовиш во рамки на 14. коло на Суперлигата. Со овој триумф скопскиот тим се враќа на победничките патеки. Тренерот Никола Матлиевски за Спортска Мрежа истакна дека добро се подготвиле за мечот со Радовиш, дополнува дека заслужено го добиле истиот. „Со оглед на тоа дека добро се спремавме за овој натпревар и мислам дека влеговме максимално фокусирани во натпреварот, ...

Фудбалот каков што го знаеме денес има долга историја што датира од пред векови, но неговата модерна форма почна да се оформува дури во втората половина на 19. век. Еден од клучните моменти во историјата на спортот се случи на 30 ноември 1872 година, кога беше одигран првиот официјален меѓународен фудбалски натпревар, помеѓу Шкотска и Англија. Овој натпревар не само што ги постави темелите за меѓународните фудбалски натпреварувања, туку го ...

Комисијата за натпревари одлучи петте одложени средби од 15. коло во Втората лига, наместо на 14 февруари 2026, да се одиграат овој викенд – на 6 и 7 декември 2025 година. Проценето е дека терените се во доволно добра состојба за регуларна игра, а еден меч ќе биде на 12 декември. Поради лошиот терен во Виница, мечот меѓу Слога Виница и Охрид е преместен на стадионот „Билјанини Извори“ и ќе се игра на 7 декември од 13:00 часот. Распоред за 15. ...