По ситуацијата со нафтените деривати во земјава и порастот на цената што се случи од ноќеска по одлуката на Регулаторната комисија, премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека Владата внимателно ја следи состојбата и во согласност со тоа ќе реагира. Според него, добра вест е што утрово цената на нафтата паднала и од синоќешните 120 долари за барел, сега се тргувала за околу 90 долари. „Факт е дека како држава имаме убедливо најниска ...

Грција ги кочи цените во продавниците со нова тримесечна мерка што ja објави Владата, во обид да спречи ценовен бран во супермаркетите поради растечките енергетски трошоци и турбуленциите на пазарот предизвикани од војната на Блискиот Исток. Наместо директно да ги замрзне цените, Атина се реши за ограничување на профитните маржи кај горивата и кај низа производи на полиците, со порака дека геополитичката нестабилност не смее да стане изговор ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска од Кочани најави дека ќе има намалување на цените на нафтените деривати за повеќе од 2 денари. Според премиерот, заедно со Министерството за енергетика и минерални суровини работеле со снабдувачот ОКТА, која на компаниите што соработуваат со нив ќе им даде попуст од отприлика 45-50 долари по тон. Како што вели Мицкоски, тоа ќе значи намалување по 2 денари за литар. -Разговарав и со голем дел од ...