Казна затвор до три години за ширење дезинформации предвидува новиот закон усвоен во Турција. Замолчување на критичарите во Турција или борба за вистина? Photo by Markus Winkler on Unsplash Турскиот парламент синоќа усвои Закон што наводно има за цел борба против лажните вести и дезинформациите, со оспорувани одредби што предвидуваат и затворски казни за ширење дезинформации. Донесувањето на законот беше проследено со многу реакции во јавноста и ...
Турскиот парламент во четвртокот го усвои законот предложен од претседателот Таип Ердоган со кој новинарите и корисниците на социјалните мрежи ќе добијат казна затвор до три години за ширење „дезинформации“, и покрај длабоката загриженост за слободата на говорот. Пратениците од владејачката партија на Ердоган и нејзините националистички сојузници, кои заедно имаат мнозинство, гласаа за одобрување на нацрт-законот дури и кога пратениците од ...
„Оние кои ќе кажат „Имаме сиромаштија“ ќе одат во затвор. Тие што ќе кажат „Имаме корупција“ ќе одат во затвор“, рече Енгин Алтај од главната опозициска партија, откако Турскиот парламент го изгласа новиот закон за дезинформации одобрен со гласовите на владејачката Партија на претседателот Реџеп Таип Ердоган и нејзините сојузници, кои заедно имаат мнозинство во парламентот. Гласањето следеше по бурните седници во парламентот, каде пратениците од ...
Турскиот парламент усвои закон со наводна цел да се бори против лажните вести и дезинформациите, а критикуваниот член 29 предвидува затворска казна за ширење дезинформации. Најконтроверзната одредба, членот 29, предвидува казна затвор до три години за ширење информации кои се „спротивни на вистината“ за безбедноста, јавниот ред и здравје на Турција и кои наводно имаат за цел да предизвикаат загриженост и паника кај јавноста, пренесува Радио ...