Почитувани, По повод 8 март – Меѓународниот ден на жената повикуваме на традиционалниот марш за женски права што ќе започне во 12:00 часот во паркот „Жена Борец“. Маршот ќе заврши пред украдената биста на Вера Јоциќ, во знак на протест и отпор кон фактичкото и фигуративното бришење на жените во нашето општество. Жената постои на маргините на заедницата, како и на маргините на историјата, под континуиран ризик да биде избришана, заборавена, ...

По повод 8 март – Меѓународниот ден на жената ќе се одржи традиционалниот марш за женски права што ќе започне во 12:00 часот во паркот „Жена борец“. На 8 март повикуваме да маршираме заедно за да кажеме и покажеме дека се сеќаваме, бележиме, продолжуваме да постоиме и се бориме. Маршираме по улиците на нашите градови, за да порачаме: „Нема да нѐ снема“, најавуваат организаторите на маршот. Слоганот „Нема да нè снема“ велат - ја изразува ...