Младите македонски тенисери и тенисерки до 14 години се дел од Европскиот шампионат што се одржува во Мост, Чешка. Ова секако е шанса македонските тенисери покрај настапот и мечевите да се стекнати со искуство на меѓународни натпреварувања. На шампионатот настапуваат повеќе од 150 тенисери и тенисери од цела Европа. Шампионатот нема само натпреварувачки карактер, туку има за цел децата да се дружат и преку едукација да добијат и други знаења ...

Македонската машка кошаркарска репрезентација „Под 18“ години денеска го започнува настапот на Европското првенство од Дивизијата „Б“, кое од 25 јули до 3 август се одржува во Ријека и Опатија, Хрватска. Нашите јуниори првиот предизвик го имаат против селекцијата на Грузија (20.30 часот), а капитенот Григориј Ѓорѓевиќ истакнува дека тимот е максимално подготвен за шампионатот и верува во успешен настап. – Настапот на ова Европско првенство ...

Македонската кошаркарска репрезентација до 18 години со пораз го започна настапот на Европското првенство од Б Дивизијата, кое се одржува во Опатија. Нашите јуниори загубија од Грузија со 83-66, откако по рамноправна игра во првите три четвртини, противникот го реши натпреварот во последниот период. Македонија отвори добро и по изедначената прва четвртина (17-16), избраниците на селекторот Миодраг Тодоровиќ одиграа одлично во вториот период. ...