Иако долго време се чинеше дека тоа никогаш нема да се случи, Јанис Адетокумбо би можел да ги напушти Милвоки Бакс ова лето. Двократниот МВП на НБА и шампион со Бакс од 2021 година со години нагласува колку многу му значи Милвоки и како го смета клубот за свој втор дом. Сепак, ситуацијата постепено се менуваше во последните сезони. Управата не успеа да донесе доволно квалитетна помош во борбата за титулата, а клубот смени дури четири тренери ...
Милвоки е отворен за понуди за размена за двократниот МВП на НБА Јанис Антетокумпо, објави ESPN, повикувајќи се на клупски извори. Се очекува 31-годишниот Грк да биде многу баран. Тој би можел да биде разменет за млад талент од висок калибар и/или голем број пикови на драфтот. Бакс одржаа разговори за размена на напаѓачот пред крајниот рок за размена во февруари, бидејќи лидерот на франшизата изрази увереност дека е време да се разделат. Тие ...

