Изложбата на слики посветени на големиот македонски уметник Петар Мазев (1927. Кавадарци – 1993. Скопје), од приватната колекција на Игор Станковиќ, насловена „Сага за творечките немири“ отворена е на 12. јуни во Белград во Галеријата на МТС Дворана. Изложбата е отворена во рамките на одбележувањето на 30 години македонско-српски дипломатски односи, а изложбата, која вклучува 10 уметнички дела може да се види до 12 јули. Изложбата е ...
Најголемата концертна и филмска сала во центарот на Белград, „МТС Дворана“, својот галериски простор, од 12 јуни до 12 јули, го отстапи за десет ретко или никогаш не изложувани дела од Петар Мазев, создавани во периодот од 1977 до 1992 година. Под наслов „Сага за творечките немири“, стотици љубители на делото на Мазев, пристигаа на свеченото отворање на изложбата во „МТС Дворана“ (поранешен Дом на синдикатите), која на 12 јуни, со помош на ...

