Шверин, Германија, 28 април 2026 (МИА) - Грбавиот кит, што се заглави во Балтичкото Море, во германските медиуми наречен Тими, стигна до возилото наменето за негов транспорт до слобода. Животното влезе во таканаречената баржа откога претходно волонтери го влечеа во таа насока со ремени, како што можеше да се види на преносите во живо од операцијата, пренесе ДПА. Баржата е еден вид преносен лебдечки резервоар за вода, кој вообичаено се користи ...

Грбавиот кит кој помина неколку недели заробен во плитките води крај германскиот брег на Балтичкото Море би можел да биде пуштен подоцна денеска, откако беше одвлечен кон подлабоки води. Податоците за следење покажуваат дека баржата што го пренесува китот се приближува кон најсеверната точка на Данска, премин кон Северното Море, каде што спасувачите се надеваат дека животното, со прекар Тими, може да се врати во отворени води, пренесе ДПА. Во ...

Грбавиот кит кој повеќепати се насука во Балтичкото Море, кого медиумите го нарекоа „Тими“, сега плива во Северното Море. Како што за агенцијата АФП потврди Карин Валтер-Момерт од спасувачката иницијатива, китот изутринава (2.05) околу 8:45 часот го напуштил шлеперот со кој беше влечен до Северното Море. Животното, како што се вели, сега плива самостојно и слободно и, барем засега, и во правилната насока. Четири до шест години стариот кит ...