Во просториите на Студентскиот информативен центар (СИЦ) при Универзитетот „Климент Охридски“ во Битола, ќе се одржи тркалезна маса посветена на темата „Врсничко насилство во училиштата во Општина Битола“. Целта на настанот е да се разгледа актуелниот проблем на врсничкото насилство во училиштата, да се презентираат прелиминарните резултати од истражувањето спроведено од професорите од Правниот факултет и да се дискутираат можни решенија, ...
Иако за врсничкото насилство се повеќе се зборува, има се поголем број настани за едукација на деца,млади и возрасни, Битола немаше сеопфатна комплетна информација ниту анализа како се движи проблемот со кој се соочуваат младите. Професорите од правниот факулте, преку мултисекторска соработка направија таква информација, а за анализата во просториите на Студентскиот информативен центар на УКЛО организираа тркалезна маса за врсничкото насилство ...
БИТОЛА – Високи 96 проценти од учениците, испитаници, од основните и средните училишта во Битола знаат што е тоа врсничко насилство и се детално запознаени кои се дејствија можат да се подведат под овој поим, стои во прелиминарните резултати од истражувањето во кое беа вклучени 609 ученици од сите седум средни и осумнаесет основни училишта од градот и руралните средини. Сите училишта биле застапени со еднаков број на испитаници и се внимавало ...