Секоја нова организација си носи своја новина. Годинава сите очи се вперени во познатиот карневал во Струмица, бидејќи по 30 години има ново раководство. Оттаму и прашањата што си ги поставуваат љубителите на карневалите, кои планираат да дојдат во Струмица. Што ќе понуди Струмица за овие пет дена, колку забава ќе има, од каде ќе има гости, колку ќе биде интересно.., е само дел од она што сакаат луѓето да го знаат. „Забава, ќе има секако и ...

Со симболично предавање на клучот од градот од градоначалникот Петар Јанков на карневалџиите, вечерва во Струмица почнаа осумдневните карневалски празнувања. Јанков ѝ го предаде клучот на претседателката на Организацискиот одбор на Струмичкиот карневал, Танкица Стојанова, со што беше означен почетокот на годинашното карневалско издание. – Деновиве нѐ очекува интересна програма организирана од Карневалскиот одбор и поддржана од Општината. Се ...

Со симболичното предавање на карневалскиот клуч од градоначалникот на карневалџиите, и официјално започнаа карневалските свечености во Струмица. Со овој чин, градот и формално им беше препуштен на маските, музиката и веселбата, означувајќи го почетокот на деновите исполнети со боја, креативност и традиција. „Ветуваме дека следните денови сите ќе бидеме на нога и ќе се забавуваме под маски, како што ние знаеме“, рече Танкица Стојанова, ...

Струмица и годинава ќе пулсира во знакот на карневалската традиција. Повеќе од 1.000 учесници, 30 маски од Македонија и 11 од странство ќе продефилираат на главната интернационална поворка што ќе се одржи на 21 февруари, додека програмата ќе трае до 25 февруари. Струмички карневал важи за една од највпечатливите традиционални манифестации од ваков тип во земјава. Неговите корени се поврзуваат со празникот Тримери, а карневалската традиција во ...