Овогодишниот седми по ред Балкански поетски камп за млади „Ванчо Николески“ се одржа во Охрид, Лескоец, Лерин, Глобочани, Пустец и Црвена Вода под мотото „Симболично обединување на Вардар, Пирин, Егеј и Мала Преспа“. Учесници беа млади поети од Србија, Турција, Албанија, Грција и Македонија, кои во рамките на воспоставената традиционална соработка, имаа можност да ги следат манифестациите на Струшките вечери на поезијата и да се сретнат со ...
Учесниците, млади поети од Турција, Грција, Србија, Албанија и Македонија, имаа прилика да ја посетат родната куќа на Николески, како и Спомен собата, при што, и во оваа прилика, беа оставени нови примероци во Збирката документи поврзани со овој автор на проза и поезија. Едно од неговите култни дела е романот “Волшебното самарче”, по кој е снимен и игран филм. Покрај во селото Црвена Вода, во изминатите три дена, реализирани се бројни содржини ...
Со врачувањето на сертификатите за учество, денеска, во родното село на великанот на поетското создавање кај нас, особено во детската литература, Црвена Вода, заврши седмиот по ред Балкански поетски камп за млади „Ванчо Николески“. Учесниците, млади поети од Турција, Грција, Србија, Албанија и Македонија, имаа прилика да ја посетат родната куќа на Николески, како и Спомен собата, при што, и во оваа прилика, беа оставени нови примероци во ...