Спејсекс и понатаму има намера да започне со одамна негуваната амбиција на Маск за град на Марс во рок од пет до седум години, напиша тој на својата платформа Икс, „но првиот приоритет е обезбедувањето на иднината на цивилизацијата, а Месечината е поблиску“, пренесе Ројтерс. Коментарите на Маск се надоврзуваат на напис на Волстрит џурнал од петокот, во кој се наведува дека Спејсекс им соопштила на инвеститорите дека ќе ѝ даде приоритет на ...
Се чини дека долгогодишната амбиција на Илон Маск да го колонизира Марс е запоставена во корист на поблиска и поостварлива цел – испраќање луѓе на Месечината. Милијардерот вчера на социјалната мрежа X соопшти дека неговата компанија SpaceX сега ги префрлила своите приоритети на изградба на „самоодржлив град на Месечината“, тврдејќи дека ова може да се постигне за помалку од една деценија, за разлика од повеќе од 20 години што би биле потребни ...

