Актуелниот македонски фудбалски првак, Шкендија, денеска објави договор со нов странски играч и разделба со еден нивен досегашен член. Нов играчи на тетовскиот клуб е Фахд Нѕенге, 25-годишен напаѓач од Габон кој доаѓа од Брера Струмица. Договорот со него е на 2,5 години. Есенва Габонецот имаше 8 голови и две асистенции на 16 меча. Од друга страна, Шкендија потврди дека се разделила со дефанзивецот Егзон Белица. Играчот и раководството, во ...
Екипата на Шкендија прави промени во играчкиот кадар, па така во текот на денешниот ден беше официјализирано едно засилување, но и две заминувања од клубот од Тетово. Напаѓачот од Габон, Фахд Нзенгуе е нов член на македонскиот првак, второ засилување во овој преоден рок по Дрилон Ислами. Тој доаѓа од редовите на АП Брера каде имаше одлични настапи и првиот дел од сезонава го заврши со 8 гола и 2 асистенции на 16 натпревари. Договорот е со ...
Новиот напаѓач на Шкендија, Фахд Нзенгуе, не го крие задоволството од трансферот во тетовскиот клуб и јасно ги истакна причините поради кои се одлучи да ја прифати понудата на актуелниот македонски шампион. Габонскиот офанзивец пристигна како слободен играч по разделбата со Брера Струмица, иако, како што самиот вели, интерес имало и од други клубови. „Секогаш е задоволство да се биде дел од голем тим, со големи играчи, со големи цели. Затоа, ...

