Екипата на ПСЖ уште еднаш покажа зошто е актуелен европски шампион и со убедливи 5-3 (1-1) славеше победа над англискиот Тотенхем во петтото коло од групната фаза во Лигата на шампионите. Дождот од голови во Париз го започнаа гостите, со голот на Ричарлисон вов 35. минута, но ПСЖ возврати преку Витиња, кој го постави резултатот на паузата (1-1). Тотенхем повторно поведе во вториот дел, овој пат погоди Рандал Коло Муани, но потоа следуваше потоп ...

Спектакл на „Паркот на принцовите“! Пари Сен Жермен и Тотенхем приредија фудбалско шоу со осум голови, во кое домаќините излегоа како победници со 5-3 и покрај тоа што двапати губеа во текот на натпреварот. Вистински херој на вечерта беше португалскиот играч за врска, Витиња, кој постигна хет-трик и ја предводеше својата екипа до пресврт. Тотенхем водеше, ПСЖ возврати со „блицкриг“ Гостите од Лондон поведоа во 35. минута преку Ришарлисон, но ПСЖ ...