Во Собранието денес ќе се состане Фискалниот совет. На агендата е Предлог-одлука за давање на финансиска согласност на Предлог-годишниот план за менување и надополнување на Годишниот план за ангажирање кадар во Секретаријатот на Собранието за 2025 година. Членовите на Буџетскиот совет треба да донесат и заклучок за изменување на Заклучокот за утврдување на бројот на надворешни соработници во пратеничките групи, и да дадат мислење по Предлогот за ...
Со 60 гласа „за“ и девет против, Собранието ја усвои Одлуката за прераспределба на средства меѓу буџетските корисници и фондовите. Со неа се алоцирани 12,5 милијарди денари во рамки на утврдената буџетска рамка и дефицитот за 2025 година. Заменик-министерот Николче Јанкуловски истакна дека средствата ќе се користат за исплата на пензии, здравствено осигурување, социјални надоместоци, инфраструктурни проекти и техничка документација за ...
Во Собранието денес на пленарна седница, второ читање пратениците ќе ја разгледаат Предлог-одлуката за прераспределба на средства меѓу буџетските корисници на централната власт и фондовите. Одлуката предвидува пренасочување на средства за финансирање на приоритетите во Буџетот за 2025 година, меѓу кои дополнителни трансфери кон ПИОМ и ФЗОМ, социјални надоместоци, обврски за боледувања и мајчинство, како и средства за проекти од Коридорите 8 и ...

