Кој е вистинскиот ден за бојадисување на велигденските јајца? Велигден е еден од најважните празници во христијанството, а најубавиот и најпрепознатлив обичај кој го следи е бојадисувањето на јајца кои симболизираат нов живот, обновување и Христовото воскресение. Сепак, домаќинките често се во дилема кога треба да го извршат овој најрадосен чин пред Велигден. Кој е вистинскиот ден за бојадисување на јајца? Во некои краеви домаќинките го ...

Домаќинките во Македонија традиционално бојадисуваат јајца или на Велики четврток или на Велики петок, во согласност со обичаите во нивниот регион. Но, колку јајца треба да се вапсаат? Според народното верување, првото јајце кое ќе се бојадиса за Велигден треба да биде црвено – т. н. чувар на куќата. Се верува дека ова јајце го штити домаќинството во текот на целата година до следниот Велигден, симболизирајќи ја крвта на Исус и радост. ...