Спортската манифестација „Пролетни денови на училишниот спорт“ која се реализира од страна на Сојузот на училишен спорт на Штип, а со поддршка од општина Штип влегува во самата завршница за оваа учебна година. Утре, ќе бидат реализира нова спортска активност односно планинарење на планината Плачковица, а интересот одново е голем. Планинарењето за првпат годинава се воведува во рамки на третото издание на оваа спортска манифестација, а целта е ...
Во Општина Илинден свечено беше отворено Државното првенство во женски фудбал и футсал за основни училишта, во организација на Училишниот спортски клуб „БРАМИЛ“, Сојузот на училишен спорт Илинден, Федерацијата на училишен спорт на Македонија и Општина Илинден. На првенството учествуваат осумте најдобри училишни екипи од државата, кои преку регионалните натпреварувања обезбедија пласман на завршниот турнир. Претставници на Општина Илинден, ...

