Германската влада денеска нареди рускиот заменик-воен аташе, веднаш да ја напушти земјата, откако беше утврдено дека и бил шеф на осомничената жена која вчера беше уапсена за шпионирање во корист на Русија. Оваа одлука следеше по апсењето на германско-украинската државјанка Илона В., осомничена за собирање воени информации за руските разузнавачки служби пишува МИА. Министерството за надворешни работи го повика рускиот амбасадор во Берлин на ...
„Руското агресивно дејствување мора да има последици. Германија не толерира шпионажа на своја територија, особено кога во тоа е вклучен дипломатски персонал“, изјави германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул. Според германските власти, уапсената Илона В. е осомничена дека шпионирала за руската воена разузнавачка служба ГРУ. Како нејзина контакт-точка се посочува токму заменикот на рускиот воен аташе, на кого му доставувала ...

