Комеморацијата во спомен на доајенот на современата македонска ликовна уметност, професорот Родољуб Анастасов, ќе се одржи на 20-ти април 2026 година (понеделник) со почеток во 12.00 часот во Галерија “Јустина и Родољуб Анастасов” во Музејот на град Скопје. На комеморацијата, колегите, пријателите, семејството и почитувачите на неговото творештво ќе му оддадат почит на професор Анастасов, еден од најзначајните македонски сликари и еден од ...

На 20 април во 12 часот, во Галеријата „Јустина и Родољуб Анастасов“ во Музејот на Град Скопје ќе се одржи комеморација во чест на доајенот на современата македонска ликовна уметност Родољуб Анастасов. Анастасов почина на 4 април во Скопје на 91 година. Анастасов е еден од најважните сликари во современата македонска уметност. Во 2009, Американскиот биографски институт го вброи Анастасов меѓу 500 најголеми генијалци во светот во 21. век. ...