Со силни пораки и голема масовност, денеска во Скопје се одржа „Маршот на ангелите“, на кој граѓаните уште еднаш побараа правда за трагедијата во Кочани. Демонстрантите тргнаа од Плоштад Македонија и се упатија кон Кривичниот суд и Собранието, испраќајќи јасен сигнал дека институциите мора да покажат одговорност и емпатија. Маршот беше исполнет со тага, револт и солидарност, а најмногу одекна пораката за „99-те километри“ – симболичниот пат што ...
„Ни требаат луѓе кои што знаат да се сплотат со нас во оваа болка. Ако се сплотени со нас, имаат човечност. Со човечност не се раѓа, не се учи таа е наследна. Ве молам да истраеме. Ве молам за поддршка да ја истераме заедно правдата“. Ова е само дел од изјавите што денеска ги истакнаа родителите на жртвите и на повредените од пожарот во Кочани од 16 март оваа година. Освен во изјавите на организаторите, граѓаните, кои масовно им се приклучија на ...
Со три минутен молк во чест на загинатите во трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, денеска во Скопје заврши „Маршот на ангелите“, граѓански протест кој ги обедини илјадниците присутни во заедничкиот повик – правда за 63-та млади животи и одговорност од институциите кои, како што беше порано нагласено, задоцниле да спречат катастрофа. Маршот се движеше по две рути: од Плоштад Македонија и од Основниот кривичен суд, а двете колони се споија ...

