Екипите на МЗТ Скопје и ТФТ забележаа тешки победи над Кожув, односно Тиквеш во првите натпревари во Топ 6 фазата во Суперлигата. Бранителот на титулата МЗТ Скопје го доби Кожув со 84:75. Гостите од Гевгелија ја добија првата четвртина со 27:20, а водеа и на полувреме и на крајот на третиот период. Меѓутоа завршните десет минути клубот од Аеродром ги доби со 25:15 и на тој начин се избори за славје над ривалот кој знае да им биде незгоден. ...
Водечките екипи во кошаркарската Супер лига ТФТ и МЗТ Скопје Аеродром стартуваа со победи во ТОП 6 лигата. Во првите два дуела од оваа рунда ги совладаа Тиквеш Голден Игл и Кожув. Во салата „Лазар Лечиќ“ ТФТ победата (80:74) ја обезбеди во последните минути, откако гостинот од Кавадарци водеше со 74:73 на 90 секунди до крајот. Сепак серијата од 7-0 на ТФТ се покажа решавачка за победата. Георги Зафиров во редовите на ТФТ со 20 поени беше ...
Двете првопласирани екипи во кошаркарската Супер лига ТФТ и МЗТ Скопје победнички ја започнаа ТОП-6 фазата. Лидерот ФТ славеше против Тиквеш со 80:74. Гостите имаа контрола во првото полувреме, но ТФТ направи пресврт со одлична трета четвртина и сигурна завршница. Зафиров беше лидер со 20 поени, додека Гордон додаде 17 за домашниот тим. Шампионот МЗТ Скопје Аеродром со силен финиш го победи Кожув со 84:75. Натпреварот беше израмнет до самиот ...

