Третманот ќе го изврши ЈЗУ Центар за јавно здравје – Кочани, со примена на еколошки, широкопојасен инсектицид одобрен од надлежните институции. Средството е наменето за уништување на возрасни единки на комарци. Дезинсекцијата ќе се реализира во доцните вечерни часови за да се минимизира влијанието врз секојдневието на граѓаните. Во случај на неповолни временски услови, активноста ќе биде одложена и ќе се изврши во првиот следен погоден термин, ...
Македонска Каменица на 11 и 12 јули ќе биде домаќин на Првиот меѓународен фолклорен фестивал „Каменица пее и игра“. Фестивалот ќе се одржи на Градскиот плоштад, а го организира Културно-уметничкото друштво „Вера Јоциќ“. -Настанот има за цел да ја промовира македонската традиционална култура преку настапи на фолклорни ансамбли од земјата и странство. Во рамки на дводневната програма, предвидени се парадно дефиле низ градските улици, настапи со ...
Македонска Каменица, 7 јули 2025 (МИА) - Во ноќните часови на 8 јули, на територијата на Општина Македонска Каменица ќе се спроведе втора теристичка дезинсекција, информираат од општината. Како што соопшти градоначалникот Димчо Атанасовски, третманот ќе го изврши ЈЗУ Центар за јавно здравје – Кочани, со примена на еколошки, широкопојасен инсектицид одобрен од надлежните институции. Средството е наменето за уништување на возрасни единки на ...