На 24 февруари 2022 година Русија изврши инвазија врз Украина започнувајќи го досега најголемиот и најсмртоносниот конфликт во Европа по Втората светска војна, во кој загинаа стотици илјади војници и десетици илјади украински цивили. Во моментов Русија под окупација држи околу 20 отсто од територијата на Украина. Дополнително, поради конфликтот над 16 милиони Украинци ги напуштија своите домови, од кои околу осум милиони се внатрешно раселени ...
На 24ти февруари пред три години руските трупи започнаа инвазија врз Украина од земја, воздух и море. Тој ден во раните утрински часови руските сили ја нападнаа државната граница на Украина од правец на Русија и Белорусија, во границите на регионите Луганск, Суми, Харков, Чернихив и Житомир. Покрај тоа, напад имаше и од правец на окупираниот Крим. Ракети погодија десетици градови. Еден час по првиот напад украинскиот претседател Володимир ...
Добивај вести на Viber На денешен ден во 2024 година руските трупи влегоа во Украина. Војната трае три години. Стотици илјади жртви на обете страни. Украина е во урнатини. И Русија и Украина економски изнемоштуваат. И токму по три години војна се јави зрак на надеж за нејзин крај. Доаѓа од Америка. Американскиот претседател, Доналд Трамп, уште во предизборието зборуваше дека сака да стави крај на војните во Украина и во Газа. Израел и Хамас ...